ТАВ: Времето за бесплатно паркирање во Hug&Fly зоната на скопскиот аеродром се мери според паркинг билетот

105

Бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети.

Оваа информација денеска ја лиферуваше концесионерот на аеродромот, ТАВ Македонија, откако деновиве граѓани преку Фејсбук се пожалија дека во таа зона времето за бесплатно опаркирање е скратено на половина, бидејќи одбројувањето почнува од пет минути, а за подолго задржување се наплатува казна од 500 денари. Во врска со тоа, од ТАВ појаснуваат дека за меродавно треба да се зема времето отпечатено на билетот за паркирање.

-Ве замолуваме како меродавно да го сметате времето на влез отпечатено на билетот за паркирање, и согласно тоа, да го планирате вашиот престој во било која од зоните за паркирање на Меѓународниот Аеродром Скопје, велат од ТАВ.

Инаку, согласно со светските трендови во авијацијата и аеродромското управување, Hug&Fly зоната на скопскиот аеродром е воведена пред две години, со цел да се намали метежот што се создава од многуте возила паркирани пред терминалната зграда и воедно да се олесни движењето на патниците непосредно пред летовите.