СТРАВИЧНО – Мајка ги убила двете деца, а потоа си го одзела животот

343

Шефица на компанија за недвижности од Лондон, Надја де Јагер (47) ги задавила или ги задушила синовите Александар (9) и Максимус (7). После тоа таа се самоубила.

Полицијата ги пронашла нивните тела во куќа во јужен Лондон во четвртокот наутро откако добила повик. Полицијата детално ја пребарала куќата и дворот, каде имало расфрлани детски играчки.

Еден од соседите за британските медиуми изјавил дека тие биле нормално семејство кое никогаш не правело проблеми.

„Колку што знам, никогаш немало никакви проблеми, нашите соседи се грижат еден за друг“, вели соседот.

Друг сосед рече дека ја гледал Надја како ги носи момчињата на училиште секој ден. „Ова е навистина трагедија. Навистина сме блиски, се чуваме еден за друг. Од синоќа полицијата ми доаѓа на врата“, рече тој.

Обвинителите наредија обдукција на сите три тела, а детективите рекоа дека не бараат никој друг во врска со страшното откритие.

Полицијата ја продолжува истрагата за ги утврдуви околностите што довеле до овој трагичен инцидент.