Тренерот на Голден стејт, Стив Кер, зборуваше новата сезона во НБА лигата и доаѓањето на Крис Пол во тимот, што ги прави „воините“ главни кандидати за освојување на титулата.

  • Навистина ми се допаѓа Крис (Пол) затоа што сака телефонски повици, а не пораки. Значи, Крис е стара школа. Тој сака да разговараме. Имавме четири или пет одлични разговори ова лето. Ќе биде забавно да го тренирам тој човек. Возбуден сум поради тоа. Тој е еден од најголемите конкуренти што некогаш сум ги видел. Неговата команда на играта, начинот на кој тој ја контролира акцијата. Што се однесува до целиот тим, ние во основа имаме шест стартери, а само пет можат да се најдат на почетокот на мечот, ги искажа своите импресии – Стив Кер.