Стево вози Југо старо 20 години

214

Стево Пендаровски, човекот кој на претстојните претседателски избори ќе се обиде по втор пат да седне во претседателската фотелја, во имотниот лист на свое име пријавил моторно возило Југо темпо кое се проценува на 1000 евра и е старо 20 години. 

На име на брачен другар Пендаровски пријавил Рено Меган во вредност од 360 000 денари.

На свое име Пендаровски има и девизна штедна книшка со над 12 илјади евра која ја пријавил како стекнато наследство, а на девизната сметка на брачен другар има 3000 евра.

Во имотниот лист на Пендаровски нема недвижен имот.