Спектакуларен грабеж на златара во Лондон – со џип влетале низ излогот/ВИДЕО

159

Надзорните камери на златарница во британската метропола, снимиле спектакуларен грабеж. Бен Вегенер (34) со двајца соучесници прво со „Ленд ровер“ влетал низ излогот, а потоа со чекани ги разбивале витрините и земале што им дошло при рака.

Насекаде летале скршените стакла, а крадците само го собирале накитот. Се проценува дека дека крадците можеби украле накит во вредност од 10 илјади фунти.

Како што се наведува, Вегенер веќе бил во затвор 10 години поради неколку кривични дела. И овојпат не е толку далеку од тоа, затоа што бил уапсен веднаш по грабежот, а останатите двајца соучесници се уште се во бегство.

На снимката може да се види и како неколку случајни минувачи ги бркаат крадците.