Драгиќ: Очекував Дончиќ да биде на такво ниво, но не толку брзо

122

Горан Драгиќ го изрази своето мислење за настапот на Лука Дончиќ во НБА. Двајцата се соиграчи во словенечката репрезентација и беа дел од составот кој стигна до европската титула пред повеќе од две години во Истанбул. Во Лигата, Драгиќ игра за Мајами додека Дончиќ ги брани боите на Далас.

– Дали сум изненаден? Да бидам искрен – не. Очекував дека тој да игра на такво ниво, но може да има мал елемент на изненадување затоа што тоа го прави рано во кариерата. Мислев дека можеби тој ќе игра на тој начин за три или четири сезони. А тој е само во втората година и сега игра неверојатно. Отсекогаш сум бил свесен дека тој е талентиран. Кога имаше шест години, играв со неговиот татко, а тој носеше топки, прокоментира Драгиќ.

Тој смета дека Лука дефинитивно е во игра за наградата МВП, но има многу фактори кои влијаат на оваа одлука.

– Сега е еден од најдобрите играчи во НБА, тој треба да подобри некои елементи од неговата игра, но тој е сè уште млад и има многу години пред него. Го знам неговото размислување. Тој е посветен на играта, не се плаши да работи и сака да се подобрува, рече бекот.