Спалувачи на кабли избегале, инспекторите спречиле пожар

201

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје при редовна контрола на реонот на „Вардариште“ вчера затекнаа група лица кои на отворено спалуваа разновиден отпад и кабли.

Од Градот информираат дека по обидот за легитимирање, затекнатите лица се дале во бегство. На локацијата била повикана полиција, а запаленото сметиште веднаш било изгаснато.

– Инспекторите на Град Скопје се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина. Сите затекнати сторители што ја загадуваат животната средина или ја оштетуваат урбаната опрема ќе бидат санкционирани. Целта е да се спречи несовесното постапување со отпадот, создавањето диви депонии и загадувањето на воздухот -децидни се градските власти.