Деца креираа вселенски летала, ровери што истражуваат други планети и изработуваа живеалишта на други планети

74

Во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор се одржа петтиот натпревар за деца од 8 до 14 години, NASA Kids Space Challenge 2019, како дел од првата Space Tech Convention во нашата земја. За време на натпреварот децата работеа на претходно зададени предизвици, односно креираа всленски летала, ровери што истражуваат други планети и изработуваа живеалишта на други планети

Учествуваа 15 тима од повеќе основни училишта од Скопје: НОВА, „Јахја Кемал“, ЕФИС, ИПС, „Димо Хаџи Димов“, „Христијан Тодоровски – Карпош“, „Димитар Миладинов“, „Григор Прличев“, „Ацо Шопов“, „Лазо Трповски“, „Живко Брајковски“, „Коле Неделковски“, „Рајко Жинзифов“, „11 Октомври“, потоа од основното училиште „Наим Фрешери“ од Тетово и „Малина Поп Иванова“ од Кочани.

Победничкиот ровер го изработија Миа, Јаков и Бодан од училиштата НОВА и ЕФИС. Мелина, Софија и Ела од НОВА изработија креативно решение за тоа како би изгледала идна населба на Марс, додека Леон, Ведран и Леонид од „Коле Неделковски“ и „Ацо Шопов“ изработија дизајн на ракета и направија демонстрација на слетување со падобран. Најдобрите 5 модели се изложени на првата Space Tech Expo, која од 21 до 23 октомври се одржа во Скопје.

Целта на овој натпревар беше да се поттикне интересот кај децата за СТЕМ областите, аеронаутиката и дизајн на продукт, љубопитноста за проучување и истражување на вселената, како и нивниот интерес за решавање на предизвиците со кои се соочува човекот при планирање на вселенските мисии.