Британскиот тенисер Даниел Еванс имаше интересен коментар на условите на последниот грен слем турнир сезонава Ролан Гарос.  Организаторите на турнирот во Париз ги променија топчињата оваса година, сега се користат Вилсон за кои играчите имаат многу забелешки, а последен во низа беше и Британецот.

-Тешки се условите. Беше навистина многу ладно. Овие топчиња не бу му ги дал ниту на куче да ги гризе. Но за сите е исто и брутално е колку е ладно. Мислам дека топчињата се голем проблем, можеби донеле погрешни, не е лесно да се набават добри топшиња. Сега е септември, октомврии затоа мислам дека топчињата се претешки, изјави Еванс.

Триесегодишниот Еванс во првото коло беше елиминиран од Јапонецот Кеи Нишикори во пет сета со 6:1, 1:6, 6:7, 6:1 и 4:6. Стан Вавринка, пак го елиминираше поранешниот светски рекет број еден Британецот Енди Мареј во три сета со 6:1, 6:2, 6:2.

Германецот Александер Зверев  лесно се справи со Австриецот Денис Новак, совладувајќи го со 7:5, 6:2, 6:4.

Кај тенисерките победи запишаа Коко Гоф и Евгени Бушар. Американката лесно се справи со Џоана Конта 6:3, 6:3, додека Канаѓанката ја надигра Ана Калинскаја со 6:4, 6:4.