Со нокаут го испрати во болница па порача: Плачам и се молам за тебе

300

Американскиот боксер Чарлс Конвел го нокаутираше Патрик Дејн во меч од тешка категорија во Чикаго притоа му нанесе тешки телесни  повреди опасни по живот. Конвел три пати легна на подот противникот, а последниот пат во десетата рунда на Дејн му беше пружена прва помош по што веднаш беше пренесен во болница.

Таму беше однесен со тешки повреди на главата и затоа мораше итно да му биде направена операција на мозокот. По операцијата тој падна во кома и се наоѓа во животна опасност.  Вакавата состојба на ПАтрик видно го вознемири неговиот противник Чарлс Конвел, кој се огласи со порака на социјалната мрежа Твитер.

-Ова е последен пат да зборувам за борбата, бидејќи тоа е чувствителна тема не само за семејството на Патрик, туку и за мене, боксот и спортот воопшто, напиша Конвол на почетокот, а потоа диерктно му се обрати на повредениот противник.

-Драги Патрик не сакам да ти се случи ова. Само сакав да победам. Никој не заслужува да му се случи вакво нешто. Го враќав филмот од борбата безброј пати и си помислував дека ова никогаш не се случило. Не можам да престанам да мислам на тоа, плачам и се молам за тебе. Не можам ниту да замислам како би се чувствувало моето семејство и пријателите доколку ме не ми се случеше ова. Размислував и да го оставам боксот, но знам дека ти не би го сакал тоа, бидејќи си борец во срце. Затоа одлучив да се борам и да ја осовјам светската титула, тоа и ти би го сакал. Затоа секој ден ќе те користам тебе како мотивација за да го направам тоа, напиша американскиот боксер.