Сончево со мала до умерена облачност и дневна температура до 16 степени

33

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Од минус еден до три степени, а дневната температура ќе се движи од седум до 16 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до 12 степени.

Продолжува период на стабилно време со релативно високи температури за овој дел од годината.

Од недела ќе има малку повеќе облачност, а поголема промена ќе има од вторник и ќе е проследена со зголемување на облачноста, промена на ветерот во северен и со врнежи од снег на планините и од снег и повремен дожд понекаде и во населените места.