Сонцето од Кутлеш ќе се трга и од шахтите

93

Јавното претпријатие Водовод и канализација го отстрани тепихот со сонцето од Кутлеш од директорскиот кабинет и истиот го смести во депото на претпријатието. Отстранувањето следело откако Грција испратила протестна нота до Владата со барање да се ограничи употребата на овој симбол. Договорот предвидува во рок од шест месеци по стапувањето на сила да се отстранат овие симболи од целиот јавен простор и јавна употреба.

Тепихот со сонцето од Кутлеш беше поставен кога беше пуштена во употреба новата зграда. Заедно со тепихот во депото завршиле и неколку слики на кои се насликани Александар Македонски и шеснаесеткракото сонце.

Засега останува неизвесно кога ке се отстранат и капаците на шахтите на кои исто така е втиснато сонцето на Кутлеш, а кои спаѓаат во надлежност на ова претпријатие.