Баба Фатма, упати повик до сите луѓе низ светот да живеат здрав живот и да не се плашат од овој вирус. „Доволно е да имате трпеливост и волја, ако го имате тоа, верувајте дека ќе ја победите болеста.“

Сто и четиригодишната Фаткуме (Фатма) Болквадзе, од селото Акхо во близина на општината Кеда, регионот Аџара во Грузија, за победата во борбата со коронавирусот рече дека тие што се во процес на болеста, треба да бидат трпеливи и да имаат волја.

Болквадзе, во разговор за агенција Анадолија рече дека го поминала процесот на лекување од ковид-19 во својот дом, а тоа што ја преживеала болеста, го припишува на Бога, на своето здравје и волјата.

Изјавувајќи дека за време на болеста чувствувала слабост, исто како и другите пациенти со ковид-19, Болквадзе рече дека исто така имала тешкотии при одењето и генерално немала апетит. „Се лекував дома. Имав болки во грлото. Болеста ја победив со помош на Бога“, рече Болквадзе.

Баба Фатма, упатувајќи повик до сите луѓе низ светот да живеат здрав живот, нагласи: „Пациентите со ковид-19 да не се плашат од овој вирус. Доволно е да имате трпеливост и волја, ако го имате тоа, верувајте дека ќе ја победите болеста.“

Амбасадорката на Турција во Тбилиси, Фатма Џерен Јазган, преку видеоконференција разговараше со Фатма Болквадзе и нејзиното семејство. Во изјавата за Агенција Анадолија амбасадорката Јазган рече дека е многу задоволна што здравствената состојба на Болквадзе е добра:

„Жив сведок на еден век. Колку епидемии и војни преживеала. Колку влади, колку револуции има видено. Тоа е еден страшен отпор. Таа е, всушност, симбол на отпорот во овој регион, на Кавказ“, нагласи амбасадорката Јазган.