Снимен моментот кога Израел го уништи домот на лидерот на Хамас во Газа/ВИДЕО

538
EPA/ALI ALI

Објавени се снимки од моментот кога израелски воени авиони ја уништија куќата на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Газа.

Видеото го прикажува моментот кога ракета е истрелана кон домот на Ханије, проследена со експлозија и огромна огнена топка и остатоци кои летаат низ воздухот.

Ханије, еден од челниците на Хамас, веќе неколку години живее во Доха, Катар.

Меѓутоа, израелските одбранбени сили велат дека неговата куќа била користена како „место за состаноци на високи лидери на Хамас каде што тие режирале терористички напади против израелски цивили и војници“.

Ханије, за која се вели дека вреди повеќе од 2,4 милијарди евра, е татко на 13 деца и се крие од 2019 година.

Германскиот Билд објави дека тој често патува меѓу Техеран, Истанбул, Москва и Каиро со својот приватен авион за да се сретне со лидерите на пријателските земји, додека неговите двајца синови, Маз и Абдел Салам, често објавуваат фотографии на Инстаграм од хотелски соби во Истанбул или Доха..

ДАЛЕКУ ОД БЕДАТА НА ГАЗА: Лидерите на Хамас имаат огромно богатство и луксуз