Скопјанка се пресметувала со поранешниот партнер пред казино во Аеродром: Го повредила со остар предмет

85

Пред казино на подрачје на Аеродром, на 14 месецов по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу Т.М. од Скопје и нејзиниот поранешен 45-годишен партнер, при што таа употребила остар предмет и му нанела повреди, соопшти полицијата.

Остриот предмет бил пронајден и одземен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.