Снимено УБИСТВО во Грција: Турнале Грк од траект, екипажот не пријавил – обдукцијата го расветли случајот/ВИДЕО

2006
Твитер принтскрин

На социјалните мрежи се појави уште едно вознемирувачко видео од Грција, на кое се гледа како машко тело плови во водата откако работниците на траектот го турнале во морето.

Во меѓувреме било откриено дека причина за смртта на младиот човек е давење.

Видеото го снимил патник од друг брод, а на него се слуша како жена вика „спаси го“, додека Андонис Карјотис се обидува да остане на површината.

Неколку секунди подоцна, додека траектот на кој сакал да се качи продолжува по својот нормален тек како ништо да не се случило, се гледа како безживотното тело на несреќниот Антонис лебди на површината на морето, пренесува Прототема.

Трагедијата се случила во вторникот вечерта, кога Гркот бил исфрлен од траектот.

Бродот требаше да го напушти пристаништето Пиреја за Крит, кога Антонис се обиде да се качи.

Човекот бил извлечен од водата без свест, бил пренесен во болница каде била констатирана смрт.

Истовремено, вештачењето утврдило дека 36-годишникот се здобил со удари во пределот на главата. Со други зборови, како што се гледа во обдукцијата, младиот човек удрил со глава – веројатно во катапултот на бродот Блу Хоризонт откако членовите на екипажот го турнале во морето.

Надлежниот обвинител нареди приведување на двајца членови на екипажот на катапултот, како и на капетанот и офицерот на палубата.

Четворица членови на екипажот на „Блу Хоризонт“ се обвинети за убиство од небрежност.