Паника на небото: Авион принудно слетал во Белград, патник се обидел да ја отвори вратата

597

Авион на Vizz Air од Тел Авив за Лондон принудно слетал во Белград поради непослушен патник, јавува Exyuaviation.

Имено, патникот се скарал со екипажот на авионот, а потоа отишол да ја отвори вратата.

Причината за инцидентот не е наведена.

Другите патници моментално се во Белград и чекаат нов лет за Велика Британија.

Од компанијата потврдуваат дека авионот што летал од Тел Авив за Лондон морал да слета во Белград поради проблем со еден од патниците“, се наведува во соопштението на vizz Air.