Снежната бура зароби 60 луѓе во британски паб: Три дена не им било досадно, ниту се пожалиле/ФОТО

3279

Шеесетина луѓе останале заробени во пабот Тан Хил Ин во Јоркшир Дејлс, во Британија, среде снежна бура и морале таму да поминат три ноќи. Пабот се наоѓа на 528 метри надморска височина, на околу 430 километри северно од Лондон.

Гостите се нашле во пабот на трибјут концертот на бендот Оазис, а непланираниот подолг престој во пабот изгледа не им паднал тешко.

Менаџерката Никола Таунсенд рече дека вработените во пабот организирале филмови, квиз и караоке за гостите. Нив ги забавуваше и трибјут бендот на групата „Оазис“, „Ноазис“, кој исто така остана заглавен во пабот од нивната свирка во петокот навечер.

„Сите наши гости беа прекрасни, па имавме неверојатна среќа. Беа полни со поддршка, разбирање и трпение“, изјавил менаџерот на пабот за ITV, додавајќи дека гостите помогнале во чистењето и подготовката на ручекот. „Тие се согласија и да ги делат собите со оние кои немаа резервирана соба, некои дури спиеја на софи и подови“, опишала таа.


“Се дружеа и пееја, беше како собир на пријатели. Дури се пошегувавме дека треба да го направиме тоа повторно следната година… Една госпоѓа рече дека не сака ни да си замине”, додала таа.

„Беше уникатен и пријатен викенд, но мислам дека сега сите сме подготвени да си одиме дома“, изјавил еден од „заробениците“ за Би-Би-Си, откако тимот дознал дека по три дена успеале да го исчистат патот.

Гостите во понеделник конечно го напуштија Тан Хил Ин.