Во Шкотска регистрирани 6 случаи заразени со омикрон, некои од нив не патувале

126

Во Шкотска идентификувани се шест случаи на инфекција со новиот вид на Ковид-19 наречен омикрон.

Шкотските власти соопштија дека четири случаи биле откриени во Ланаркшир, еден во областа Голем Глазгов и еден во областа Клајд.

Експертите сега ги следат контактите на заразените за да утврдат каде точно се заразиле и со кого биле во контакт последните недели, пишува Би-би-си.

„Сите ќе добијат стручна помош и поддршка, а шкотското јавно здравство ќе ги следи контактите на заразените. Ова треба да ни помогне да го утврдиме потеклото на вирусот и да ги најдеме оние со кои заразените биле во контакт во последните неколку недели“, рече министерот за здравство, Хумза Јусаф.

Заменик министерот Џон Свини изјави за Би-би-си изјави дека во некои случаи нема историја на патување.

„Тоа ни кажува дека постои одреден степен на пренесување на овој вид на вирус во заедницата“, додаде тој.