Сладолед или лале –сон на секоја градина што ги љуби овие цветови

144

Многу појави во природата може да ни заличат на препознатливи предмети од секојдневието, ама кога сте помислиле дека некое растение или цвет ве потсетува на сладолед? Сепак, овие чудесни лалиња просто не можете, а да не помислите на сладолед бидејќи тие токму така изгледаат како топки сладолед во украсна чаша.

Ако сте љубител на цвеќе, веројатно веќе ви е позната оваа интересна и чудна сорта „сладолед“ лале, ама за оние кои не ја знаат ова е навистина необично и интересно лале за гледање, или уживање бидејќи оваа лале кога ќе ги отвори ливчињата, односно во изгледот неодоливо потсетува на сладолед!

https://www.instagram.com/p/Bl50L6MgGvg/?utm_source=ig_embed

Инаку, станува збор за релативно нова сорта лале, а како што се чини по цените што може да се најдат на интернет, луковиците се широко достапни за онлајн продажба, ама се мошне скапи, така што нема наскоро да ги видите на цветните пазари или во нечија градина.

Самиот цвет, односно латиците на лалето „сладолед“ се мошне големи во споредба со повеќето останати лалиња, со размер до дури 10 сантиметри, а самите цветови во просек можат да пораснат и до 25 сантиметри!

Цветовите на почетокот изгледаат розово, ама потоа белото средиште се отвора и цветот добива конусен облик на сладолед!

Извор: www.boredpanda.com