Скулптурална инсталација: „Управило и наследството на Мурто”

108

Во организација на КЦ 750 вечерва (17 септември) во 20 часот, на плоштадот во Автокоманда, ќе биде претставена скулптуралната инсталација „Управило и наследството на Мурто“ на македонскиот уметник Љубиша Камењаров, која ќе биде изложена до 19 септември.

Таа е концепциски и ликовно поврзана со претходните дела „Рамнотежист“ и „Управило“, сега како продолжение прикажува како човечката фигура, со поедноставени (апстрахирани) анатомски одлики, која во контекст на просторот и поставеноста, ја отсликува важноста, ја нагласува доминантноста и значењето на субјектот и темата.

Надоврзувајќи се на претходните размисли и нивната реализација преку ликовни средства повторно ја забележува и преиспитува состојбата и поставеноста кај единките и групите, поточно хиерархиската поставеност во нивните меѓусебни односи.