Во соседна Србија се нуди работа и на пензионери, со половина работно време 

121

Приватни компании и установи ги вработуваат, но и се задоволни од нив затоа што се дисциплинирани, вредни и посветени.

Трговската куќа “Univereksport” работници побарала меѓу своите најстари купувачи, а на рекламните листови пишувало „Покрај пензија и работа без тензија“, пишуваат деновиве некои од српските медиуми.

Газдите велат дека пензионерите се заинтересирани затоа што со зголемување на работниот стаж, имаат шанса за повисока пензија.

Работодавците не избегнуваат трошоци, напротив подготвени се да ги платат придонесите и сите други давачки кон државата.

Законот не предвидува ограничувања, а пензионерите можат да примаат пензија, и да работат по договор на дело, да примаат авторски хонорар и слично.

Придонесите се плаќаат по стапка од 26 проценти од заработката.