Скопје за Балашевиќ

18

По вчерашната објава на веста за смртта на Ѓоѓе Балашевиќ целиот Балкан нан нозе – во неверување и огромна жал по легендата чии стихови преточени во музика обележаа многу генерации на овие простори. И Скопје тагува за големата легенда Ѓорѓе Балашевиќ кој зад себе остави бројни стихови кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на многу генерации и ќе живеат вечно.

Вечева и Скопје се приклучува во искажување почит кон големиот Балашевиќ со  настанот во организација на Универзална сала.

„Скопје за Балашевиќ, денес со старт во 19ч. пред неговата Универзалната сала, да се собереме и да оддадеме последна почит за нашата незаборавна легенда“, соопшти на фрјсбук организаторот.