Скопскиот целер полн со отрови

386

Скопскиот целер има најголема концентрација на арсен, дури 16 пати поголема од дозволеното. Ова го покажаа резултатите од анализите направени од испитувањето на нивото на загаденост на почвата во скопскиот регион, што ги презентираше еколошкото друштво „Вила зора“.

Според овие анализи, концентрациите на арсенот во почвата се на загрижувачко високо ниво. Помалку го има овој отров во зелката и морковот.

Ненад Коциќ од „Вила зора“ изјави дека проектот е спроведен во четири општини Тетово, Велес, Кавадарци и Скопје заедно со партнери од здружението „Балкански мостови“

– Направени се испитувања врз основа на препораките на експертите за она што најмногу имаа сомневање, а тоа е кадмион и арсен. Концетрациите на арсенот во почвата се загрижувачки. За жал, многу е високо присуство на арсенот во одредени испитувани растенија со помалку концетрации во зелката и во морков, меѓутоа фрапирачко високи концетрации во целерот, со негде до 16 пати поголема концетрација од дозволената, истакна Коциќ.