Склучен договор помеѓу град Скопје и градскиот Црвен Крст

48

Град Скопје склучи договор со градскиот Црвен крст за да се овозможи непречено функционирање на Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток, каде се згрижуваат од 150 до 180 лица.

– Важно е секој од нас во рамки на можностите да помогне за оние лица што секојдневно се борат со студот, гладот и немањето основни услови за живеење, безбедно да го поминат зимскиот период.Континуирано превземаме мерки и активности за остварување социјална грижа и подобрување на квалитетот на живеење на бездомните лица, затоа што најважно е да се обидеме да помогнеме онаму каде можеме – информираат од Град Скопје.

Градот обезбедува поддршка на програмите за привремено прифаќање и згрижување на лицата бездомници со обезбедување дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена, советодавни услуги, во соработка со Црвениот крст на град Скопје.

– Ја следиме работата на постоечките центри и со соработка со Црвениот крст на Град Скопје и невладините организации кои се активни на ова поле, развиваме програми и проекти кои водат во насока на проширување на капацитетите за привремено прифаќање и згрижување на бездомните лица – нагласуваат од Град Скопје.