Сити договори летен трансфер од 70 милиони евра

169
epa10870491 Julian Alvarez (C) of Manchester City celebrates with teammates after scoring his second goal during the UEFA Champions League Group G match between Manchester City and Red Star Belgrade in Manchester, Britain, 19 September 2023. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Пеп Гвардиола со години врши одлична работа во Манчестер. Минатата сезона беше врв на неговиот престој на „Итихад“, бидејќи „граѓаните“ освоија три титули (Лига на шампиони, Премиер лига и ФА Куп), а оваа сезона сакаат да одбранат речиси се.

Тие се уште се во добра позиција во Премиер лигата и конкурираат за титулата со Арсенал и Ливерпул, во полуфиналето од ФА Купот ќе играат против Челзи, а во Лигата на шампионите во април ќе имаат двомеч од четвртфиналето против Реал (М).

Нема да биде лесно да се повтори успехот од минатата сезона, но во Сити постои голема верба дека повторно ќе се слави на крајот од сезоната. Како и да заврши, веќе се подготвуваат промени за летото и надградба на тимот со нови врвни играчи.

Така, „граѓаните“ се подготвени да понудат чудесна сума за еден од најперспективните играчи во Премиер лигата. Фудбалерот наводно е „поблиску од кога било“ до Манчестер и се пишува дека Сити за неговите услуги ќе плати 70 милиони евра. Минатото лето беа понудени 70 милиони за офанзивниот играч за врска, но тогаш Кристал Палас одби, но сега веќе е јасно дека Еберечи Езе ќе замине на „Итихад“.

Оваа сезона Езе постигна шест гола и има три одлучувачки асистенции за Палас. Фудбалерот кој е роден во Лондон со нигериско потекло може да игра на дури три позиции, но неговата примарна е средината на теренот и лесно може да биде замена за Кевин Де Бруин кој би можел да замине во Саудиска Арабија.

Езе исто така има два настапи за Англија, и нема да биде изненадување ако биде со тимот за ЕП во Германија ова лето.