Санкционирани 224 непрописно паркирани возила во Центар

86

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција санкционирале 224 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Од ЈП ПОЦ информираат дека во периодот од 18.03. до 24.03.2024 година, со помош на нивните специјални возила „пајак“ биле отстранети 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ биле санкционирани 101 возило кое било затекнато на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.