Русија отсекогаш имала успешни тенисерки, но никоја од нив не ветувала таков успех каков што беше случајот со Софија Жук. Во 2015 година, таа се прослави во тенисот како 15-годишнна откако го освои Вимблдон во конкуренција на играчи под 18 години.

Но, неколку години подоцна, поради силни болки во грбот, го батали рекетот. Софија се пензионираше во 2019 година, откако загуби на стартот на Вимблдон и заработи 400.000 долари. Потоа заплови во некои други води, започна со фотомоделирање и сега заработува од сликање во бикини, додека љубителите на тенисот очекуваат повторно да се врати на теренот.

  • Ми се допаѓа идејата да бидам во светот на тенисот, да им помагам на другите со искуството што го стекнав додека играв. Мислам дека би можела да им помогнам на тенисерките на поинаков начин, што е можно само кога самите сте искусиле низ што поминуваат сега, а не да им кажувам нешто како личност „од страна“, истакна Софија.