Сите учесници мора да бидат вакцинирани на Австралија опен

53

Конечно е потврдено дека сите учесници на првиот грен слем турнир Австралија опен ќе мора да имаат примено две дози на вакцина против коронавирусот. Турнирот ќе се одржи од 17 до 30 јануари, а титулата во машка конкуренција ќе ја брани Новак Ѓоковиќ. Токму околу неговото се пишуваа бројни текстови, кои прашуваа дали Србинот е вакциниран или ќе прифати имунизација, како би бил достапен за натпреварите во Мелбурн.

Директорот на турнирот Крег Тили рече дека посакува да го види српскиот тенисер на турнирот. Меѓутоа засега не знае дали тој е вакциниран, бидејќи првиот светски рекет порача дека тоа е приватна работа.