Ракометната репрезентација на Шпанија, ќе настапи без еден од најдобрите играчи на Европското првенство во Словачка и Унгарија, во јануари наредната година. Десниот бек Алекс Душебаев, поради повреда на рамото, нема да настапи за „црвената фурија“.

Поранешниот ракометар на Вардар, долго време има проблем со десното рамо, поради што за Киелце игра само во Лигата на шампиони. Оваа повреда Душебаев ја влече од Олимписките игри во Токио.

Шпанецот ја прифатил препораката на лекарите и решил перидот кога ќе се игра ЕП да го искористи за рехабилитација, која ќе трае повеќе од две недели колку што трае првенството, поточно шест неделен третман.

За оваа своја одлука тој го известил селекторот Жорди Ривера.