Сите знаеме дека Барселона е најдобар клуб на светот

60

Каталонскиот гигант Барселона и официјално потврди дека ги има осигурано услугите на аргентинскиот интернационалец Серхио Агуеро, кој веќе го потпиша понудениот 2-годишен договор. Искусниот напаѓач на „Ноу Камп“ ќе има годишна плата од 5 мил. евра, а во договорот има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 100 мил. евра.

Агуеро подолг период беше желба на Барселона, а клупските челници се убедени дека неговиот трансфер ќе биде клучен кога е во прашање иднината на капитенот Лионел Меси. Аргентинецот има договор со Барса до 30. јуни и се уште нема откриено дали ќе остане на „Ноу Камп“.

  • Сите знаеме дека Барселона е најдобар клуб на светот. Ова е за мене нов чекор, донесов добра одлука и се надевам дека ќе му помогнам на тимот кога се во прашање зацртаните цели, изјави Агуеро кој од 2011 година го носеше дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити  и во кој дојде до епитетот најдобар стрелец во клупската историја.
  • Ќе дадам се од себе за да помигнам на било каков начин, а се надевам дека крајот на сезоната ќе го дочекаме со неколку трофеии. Се надевам и дека најверните фанови ќе уживаат во мојата игра, додаде Агуеро.

Аргентинецот одлично ја познава шпанската Примера дивизион, затоа што во минатото со голем успех го носеше дресот на новиот шампион на Шпанија, тимот на Атлетико (М).

  • Дојдов во Европа кога имав 18 години. Дојдов во Атлетико (М) кој многу ми помогна. Тука се школував. Потоа заминав во Манчестер Сити. Сите знаат што е англиската Премиер лига. Таму го променив мојот стил на игра. Таквото искуство ќе се обидам да го пренесам и во Барселона, заврши Агуеро.