Силен земјотрес го погоди Чиле 

97

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Чиле, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на потресот бил на околу 157 километри западно-северозападно од Анкуд, Чиле и на длабочина од 10 километри, додава EMSC.

Засега нема извештаи за евентуални жртви или материјална штета.