Промоција на „Праисториска читанка и вежбанка за млади истражувачи“ со креативна работилница за деца 

58

Центарот за научни истражувања и промоција на културата ХАЕМУС, денеска во интерактивното катче помеѓу Домот на АРМ и „Меморијалниот музеј на Мајка Тереза“, ќе организира промоција на „Праисториската читанка и вежбанка за млади истражувачи“ на авторите м-р Василка Димитровска и Бисера Наумовска.

Промоцијата е дел од настанот „Ден на граѓанските организации 2022“, организиран од Civica Mobilitas.