Силен земјотрес ги погоди Филипините

29

Земјотрес со јачина од шест степени според Рихтеровата скала денеска го погоди островот Минданао на Филипините, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Според податоците на ЕМСЦ, земјотресот бил на длабочина од два километри, пренесува Ројтерс.