СЗО: Можно затворање на регионалната канцеларија во Русија

24

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа денеска усвои резолуција што може да резултира со затворање на регионалната канцеларија на СЗО во Русија и откажување на состаноците во таа земја.

Резолуцијата е донесена „како одговор на руската инвазија на Украина“, пишува Ројтерс.

На посебна седница на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, резолуцијата беше усвоена со 43 гласа „за“, три „против“ и два воздржани, а беше поддржана од Украина и од Европската унија.

Рускиот пратеник Андреј Плутнички се спротивстави на резолуцијата и рече дека е „екстремно разочаран“, наведува британската агенција.