Се уредува тротоарот кај кројачот Ангелковски

211

Градските власти работат на реорганизирање на просторот на тротоарот на булеварот „Партизански одреди“, кај кројачот Ангелковски, за како што велат да овозможат поголема удобност за велосипедистите и пешаците, како и попријатна животна средина за локалните жители, налик на новите тротоари низ центарот на Скопје.

-Овој тротоар долги години беше окупиран од возила и напуштена урбана опрема. По малата реконструкција, на ова место ќе има двонасочна велопатека под дрворед и сенка од околните згради. На остатокот од тротоарот по должина на дрворедот ќе засадиме ниско зеленило и ќе поставиме соодветна урбана опрема-велат од Град Скопје.