Се санираат повеќе улици во Гевгелија и околните општини

130

Во Гевгелија и во околните општини се спроведува летна акција за реконструкција и санација на улиците.

– Станува збор за значајни сообраќајници во овие населени места, поточно, со акцијата за обнова на локалната патна мрежа беа опфатени оние улици и населени места каде што интервенцијата беше приоритетна. Обновата на улиците во населените места продолжува и со бетонирање на помали улички, како што е случајот во Кованец, каде што треба да биде завршено бетонирањето на улицата која минува крај училиштето, како и претходно што беше бетонирана улицата во Смоквица. Градежната механизација продолжува со изведбата за санација на улиците во Гевгелија. Средствата за реализација на овие редовни активности за обнова на локалната патна мрежа во општината се обезбедени од општинскиот буџет – изјави градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, при обиколка на градилиштата.

Се асфалтираше улицата „Браќа Толеви“ во Прдејци, како дел од во општина Гевгелија. Претходно беа асфалтирани неколку улици во општината, поточно, улицата „Гоце Делчев“ во Мрзенци, како и улицата „Гоце Делчев“ во Негорци.

Оваа недела во Гевгелија ќе биде санирана и асфалтирана улицата „1 мај“, која се наоѓа на западната страна од Градскиот стадион, во должина од 200 метри. Исто така, е предвидено санирање, односно асфалтирање и на просторот за паркирање кај Градските гробишта. Предвидена е и изградба на улицата крај детската градинка во Миравци.