ДУП Градска четврт – Дом на градежници на Јавна презентација

259

На 3 јули во 13 часот во просториите на општина Центар ќе се одржи јавна презентација и јавна анкета на ДУП Градска четврт – Дом на градежници, плански период 2018-2023.

Со овој план опфатена е површина од 6,4 хектари во границите: од запад по оската на булеварот „Свети Климент Охридски”; од север по оската на булеварот „Партизански одреди“, од исток по оската на булеварот „ВМРО“ и од југ по оската на улицата „Димитрија Чуповски“.

Планот ќе биде изложен во просториите на основното училиште „Коле Неделковски“, (улица „Антоније Грубишиќ“ бр. 8), секој работен ден од 8 до 16 часот, од 25 јуни до 8 јули 2019 година.