Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс, се повреди на натпреварот против Атланта. Еден од кандидатите за МВП наградата и член на Лос Анџелес Лејкерс го повреди десниот скочен зглоб при едно удвојување од страна на Соломон Хил.

Леброн се врати во игра по повредата, погоди тројка, а потоа отиде во соблекувалната „куцајќи“ со ногата.

  • Ништо не ме лути и натажува повеќе од тоа што не можам да им помогнам на моите соиграчи. Ме боли надворешниот и внатрешниот дел на ногата, но набргу се враќам на теренот, истакна „Кралот“.