Се кастри вегетацијата долж булеварот „Борис Трајковски“

131

За да овозможи безбедно и непречено движење на пешаците и велосипедистите на тротоарите, Општина Кисела Вода започна голема акција за кастрење на нараснатата вегетација по целата должина на булеварот „Борис Трајковски“.

За успешно одвивање на активностите, акцијата ја спроведуваат голем број сезонски работници на Општината.

Од локалната самоуправа велат дека продолжуваат да работат во насока на подобрување на условите за живот на сите граѓани.