Се кастрат гранките и грмушките што го попречуваат нормалното движење на жителите

71

По барање на граѓаните, оваа недела Општина Аеродром започна акција за кастрење на гранките, грмушките и останатото зеленило што се наоѓа во непосредна близина на плочниците и патеките низ Аеродром.

Со оваа акција на комуналните служби, како што велат од локалната самоуправа, се отстрануваат опасностите и пречките за нормално движење на граѓаните на територијата на Општина Аеродром.