Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список со играчи за претстојниот двомеч со Фарските Острови, во баражот за пласман на Светското првенство во 2025 година.

На списокот се најдоа 36-мина играчи, од кои Лазаров во следниот период ќе ги избере оние што ќе бидат во конкуренција за настап и ќе се обидат да го одведат националниот тим на уште едно големо натпреварување.

Инаку, новитет во составот е легендата на македонскиот ракомет, Стојанче Стоилов, кој ќе биде во улога на помошник на Лазаров за дуелите со Фарските Острови. Воедно, тоа е негово враќање во националниот тим, но сега како член на стручниот штаб, откако повеќе од една деценија беше стандарден репрезентативец и учествуваше во најголемите успеси.

Инаку, натпреварите против Фарските Острови ги играме на 8 и на 12 мај, прво на гости, а потоа во „Борис Трајковски“.