Инвалидски колички и помагала за лицата со посебни потреби

86

Општина Гази Баба доби донација од 20 едноставни инвалидски колички, пет помошни помагала, патерици за лицата со посебни потреби и пет седишта за во бања. Донацијата е од Здружението за лица со посебни потреби „СОС ВИТА“, а ја прими градоначалникот Бобан Стефковски од претседателот на Здружението, Ертан Шакир, на вчерашната средба.

– Благодарение на Здружението за лица со посебни потреби „СОС ВИТА“, обезбедена е донација на инвалидски колички, седишта за во бања, помошни помагала и патерици, кои се наменети за лицата со посебни потреби од Општина Гази Баба. Во следниот период ќе направиме мапирање на лицата со посебни потреби и ќе ги посетиме со цел да им овозможиме полесно да ги реализираат своите секојдневни потреби – истакна Стефковски.