Се зголемува бројот на држави и компании кои воведуваат четридневна работна недела

156

Се зголемува бројот на држави и компании кои воведуваат четридневна работна недела. Во декември 2021 година, во обид да намали стресот на вработените, Обединетите Арапски Емирати го намалиле работното време за своите вработени во Владата.

Владата на ОАЕ на Твитер објавила вест дека од 1 јануари 2022 година „новиот викенд“ ќе трае од 12 часови по локално време – од петок до недела навечер. Вработените сега ќе имаат 4,5 дневна работна недела по новите правила.

Земјите како Јапонија, Нов Зеланд, Ирска и Шкотска веќе направиле исчекор во оваа насока и имаат четиридневна работна недела. Што е најважно, квалтитетот на работата во овие земји со текот на времето се подобрил.

Секако, не смее да се заборави и Исланд, каде овој модел се покажал како успешен. Работниците пријавиле дека се чувствуваат помалку стресно и помалку изложено на ризик од синдромот на согорување. А и Велика Британија го тестира овој модел на работа. Тестирањето ќе го започне во јуни, а во истото ќе учествуваат околу 30 компании.