Се бара купец за Стротман

104

Францускиот гигант Олимпик од Марсеј ќе се обиде за време на зимскиот преоден рок да се ослободи од услугите на холандскиот интернационалец Кевин Стротман.

Португалскиот стручњак Андре Виљаш Боаш не крие дека е незадоволен од играта на искусниот играч за врска и веќе има дадено зелено светло за негова продажба. Поранешниот фудбалер на ПСВ и на Рома е проценет на 15 мил. евра, а најголем интерес за неговите услуги покажаа раководните лица на италијанскиот калчолигаш Наполи.