Откако даде заклетва, сопругата на Камчев одговарајќи на прашање на обвинителката Вилма Русковска го повторува она што веќе го kaжа нејзиниот сопруг, Орце Камчев.

Таа пред судот тврди дека Камчев во Империја влегол со нелегален договор на Јанева, Јовановски и Милевски, а дека во ова биле вмешани и обвинителката Лиле Стефанова, судијката на претходна постапка Весна Димишкова и нејзиниот брат адвокатот Васил Димишков.

Камчева сведочи дека се плашела од моќта на Јанева, која ја нарекува „госпоѓа“, а случајот „Империја“ го нарече фингиран процес.

Таа со црвен тефтер, во кој има испишано текст со пенкало, сведочи на пултот во Основниот кривичен суд во Скопје. До сега никој од присутните не реагираше на тефтерот што Камчева го има отворено пред себе.