Се бара купец за Сенси

56

Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер испратија јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на искусниот играч за врска, Стефано Сенси. Повремениот репрезентативец на Италија изминатата сезона ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на Сампдорија, а ова лето ќе биде продаден доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 15 мил. евра.