Кинеската олимписка шампионка Ајлин Гу ќе работи на кандидатурата на Солт Лејк Сити за домаќин на Зимските олимписки игри во 2030 или 2034 година. Таа потпиша договор за соработка со Олимпискиот комитет на САД.

Гу е родена во Калифорнија, а во февруари освои два златни олимписки медала и еден сребрен медал за Кина во скијање во слободен стил во Пекинг.

Гу е родена во САД, мајка ѝ е Кинеска, па се натпреварува за кинеската репрезентација. Таа рече дека одлучила да го стори тоа за да ги инспирира младите кинески жени.