-Ова седење по дома не се издржува. Ниту прашав за хонорарот, најважно ми е да излезам од куќата, бидејќи добивам чувство на домашен притвор

Пејачката Сека Алексиќ (позната по хитовите Искористи моје мане, Аспирин….)не крие дека останала без работа на естрадата поради коронавирусот. Нема настапи, нема концерти. Си седи дома и си мисли што да прави со вишокот време?

И наеднаш и текнало со причина да ја прифати понудата да стане ТВ-водителка на новата емисија за готвење “Мајка и снашка“. Сека ќе биде снашка, а која ќе биде мајка, сè уште не се знае, бидејќи сценариото внимателно се подготвува.

–За оваа работа на ТВ ме убеди сопругот Вељко. Искрена да бидам немам поим како ќе се снајдам, ама по дома седење не се издржува. Ниту прашав за хонорарот, најважно ми е да излезам од куќата, бидејќи добивам чувство на домашен притвор.

Во шоуто за готвење, жените ќе ја имаат главната улога, а од мажите само познатиот готвач Радомир Раша Влачиќ ќе ни помага, весело вели Сека која најпосле ќе има какви такви настапи. Подобро и тоа отколку да е со сила домаќинка веќе цела година. Д.М. фото:Инстаграм