Салма Хајек, иако има 53 години, со својата убавина го воодушеви светот. Таа не се оптоварува со нејзиниот изглед, а доказ за тоа се фотографиите на кои таа е во неформално издание.

Таа ужива во бракот со еден од најбогатите луѓе на светот, францускиот милијардер Франсоа – Анри Пино. Холивудската ѕвезда вели дека животот ѝ се сменил откако го запознала нејзиниот партнер во 2006 година во Венеција.

Папараците ја фотографираа Салма како ужива на тераса од станот во Мајами и тоа без грам шминка. Таа имаше големи очила за сонце, а нејзината коса беше разбушавена. Но, сите коментираат дека делува загрижено на овие фотографиите.

Фото: Инстаграм